Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, денес ја оствари својата прва официјална посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, при што оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и со генералите во Армијата и раководни лица во Министерството.
-Ми беше огромна чест денеска да остварам средба со претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Силјановска Давкова.
Заедно со претседателката ќе работиме на зачувување на националните интереси и ќе работиме за унапредување на безбедноста, мирот и стабилноста на регионот и пошироко.
Нашата заложба е Македонија и земјите од Западен Балкан да имаат економски напредок и сигурна и стабилна иднина.
Разговаравме за подобрување и зајакнување на капацитетите на Армијата на МКД и одбранбениот сектор. Силна, опремена, мотивирана и секогаш подготвена Армија МКД, напиша Мисајловски на Фејсбук.