Свет ослабен се упати кон Мексико

ВИДЕО: Ураганот Берил ја погоди Јамајка, ветрови до 215 км/ч

Ураганот уби најмалку осум лица пред да падне на копно во Јамајка, тројца во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

ВИДЕО: Ураганот Берил ја погоди Јамајка, ветрови до 215 км/ч

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на овој остров на Карибите.

Берил, во моментов е ураган од четврта категорија, со ветрови до 215 километри на час, го погоди јужниот брег на островот.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви.

Си-ен-ен пренесе дека една жена загина на Јамајка откако дрво паднало врз нејзиниот дом.

Ураганот уби најмалку осум лица пред да падне на копно во Јамајка, тројца во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.

Најнови вести од Свет

To top