Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на археолошки локалитет/ неолитско село „Тумба Маџари“ во општина Гази Баба.
-На овој значаен локалитет, при актуелните археолошки ископувања, археолозите пронајдоа вредни наоди кои ќе бидат претставени пред новинарските екипи, соопшти Министерството за култура и туризам.
На посетата ќе бидат присутни и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, директорката на Археолошкиот музеј Славица Бабамова, како и членовите на стручната екипа под чие водство се одвиваа истражувањата.