Селекторот на машката ракометна репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, го објави скратениот список на ракометари што ќе играат на Олимписките игри во Париз.
Кај голманите Јакобсен се реши за Ландин и Нилсен. Позиција лево крила се Емил Јакобсен и Магнус Ландин, а единствено десно крило ќе биде Никлас Киркелоке.
На пивотменската позиција Данска ќе има двајца играчи Саугстрп и Халд, додека од бековите тука се Хансен, Питлик, Лауге, Гидсел, Хоксер и Арнолдсен.