Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ја продаваат својата вила во Њујорк, а агенцијата за недвижности објави фотографии од луксузниот ентериер.
Претходно овој месец, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас објавија дека нивната куќа покрај реката во приградското село Ирвингтон во округот Вестчестер, Њујорк е на продажба за 12 милиони долари.
Сместена северно од Њујорк и свртена кон реката Хадсон, куќата има четири ката, осум спални соби и 12 бањи.
На првиот кат има затворен базен, теретана и просторија за рекреација. Свечена дневна соба, салон, работна соба, семејна соба и кујна се исто така меѓу погодностите што ги има.
would anyone like to lend me $12 million for Catherine Zeta-Jones and Michael Douglas’s New York mansion? pic.twitter.com/ETVQSTkc1T
— hannah (@dumbandfunn) June 18, 2024
Кујната е направена во стил на селска куќа, со ѕидови со бели плочки, мермерни површини, уреди од Miele и златни детали. Двокатната библиотека е обложена со панели и има камин на дрва од црна тула, француски прозорци со тркалезни врвови.
Двојката, која се венча во 2000 година, ја купи вилата за 4,5 милиони долари во 2019 година и ја реновираа куќата додека ги зачуваа нејзините оригинални карактеристики од 1920-тите.
-Кога го купивме нашиот дом во Ирвингтон, знаев дека нашето семејство ќе сподели многу среќни времиња овде, а ние имаме, изјави актерката за The Wall Street Journal.
Парот поседува недвижен имот ширум светот, а вилата одлучиле да ја продадат бидејќи, како што велат, повеќе време поминуваат на Бермуда и Европа.