Свет По слабиот настап

Блинкен го брани Бајден: Ја врати довербата на светот во лидерството на САД

Блинкен истакна дека луѓето гледаат претседател кој ги вратил позициите на Америка, ја вратил Америка на светската мапа, обновил сојузи и партнерства.

Блинкен го брани Бајден: Ја врати довербата на светот во лидерството на САД

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска одговори на критиките за настапот на претседателот Џо Бајден на предизборната дебата минатата недела, истакнувајќи дека политиката на Бајден во последните три и пол години ја зајакнала довербата во американското лидерство во светот.

Блинкен беше прашан за време на настан во Институтот „Брукингс“ што ќе си помислат пријателите и непријателите на САД за американското лидерство по слабиот настап на Бајден.

Американскиот државен секретар рече дека луѓето во светот гледаат што Бајден направил од неговото доаѓање на власт, а не само неговиот настап во вечерта на дебатите и дека ја ценат неговата политика.

Блинкен истакна дека луѓето гледаат претседател кој ги вратил позициите на Америка, ја вратил Америка на светската мапа, обновил сојузи и партнерства.

-Ако ги погледнете социолошките истражувања во светот, до степен до кој може да им се верува, ќе видите повторно и повторно дека довербата во американското лидерство значително се зголемила во последните три и пол години, истакна тој.

„Тоа не се случува само по себе /…/ Тоа е резултат на политиката што ја водиме, резултат на нашата ангажираност. Тие гледаат дека претседателот Бајден го отвора патот во сите овие различни области на начин што ги обединува луѓето и е фокусиран истовремено на предизвиците што стојат пред нас и кои се заеднички за толку многу земји, додаде Блинкен.

Поддржувачите на Бајден се надеваа дека предизборните дебати ќе ги разбијат сомнежите дека тој е премногу стар за уште еден претседателски мандат, но наместо тоа, неговиот настап дополнително ги разгоре сомнежите. Некои демократи дури повикаа Бајден да биде заменет со друг кандидат.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top