Фудбал Договори

Астон Вила донесе три засилувања, двајца од Јувентус

Според англискиот печат, Вила за нив ќе плати 22 милиони евра, за Илинг-Јуниор 14 милиони, а за Аргентинецот осум.

Астон Вила донесе три засилувања, двајца од Јувентус

Откако Астон Вила во неделата го продаде бразилскиот интернационалец Даглас Луиз на Јувентус, англискиот и италијанскиот клуб договорија нови трансфери.

Младиот 20-годишен англиски напаѓач Самуел Илинг-Јуниор и три години постариот аргентински играч за врска Енцо Баренечеа ќе се преселат од Торино во Бирмингем.

Според англискиот печат, Вила за нив ќе плати 22 милиони евра, за Илинг-Јуниор 14 милиони, а за Аргентинецот осум.

Договорите доаѓаат еден ден откако Јувентус го ангажираше бразилскиот играч за врска Даглас Луиз од Вила на петгодишен договор за сума од 50 милиони евра.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На Вила Парк пристигна и 30-годишниот играч за врска Рос Баркли, кој минатата сезона играше за Лутон. (МИА)

To top