Свет Бразил

Патници повредени поради силни турбуленции, авионот принудно слета

Шпанската авиокомпанија објасни на социјалната мрежа „Икс“ дека авионот нормално слетал во Натал, во североисточна Бразил и дека повредените добиле медицинска помош.

Патници повредени поради силни турбуленции, авионот принудно слета

Патнички авион на шпанската авиокомпанија „Ер Јуроп“, „Боинг 787-9 Дримлајнер“, кој леташе од Мадрид до Монтевидео, денеска принудно слета во Натал, Бразил, поради силна турбуленција при која беа повредени неколку лица, соопшти авиокомпанијата.

Шпанската авиокомпанија објасни на социјалната мрежа „Икс“ дека авионот нормално слетал во Натал, во североисточна Бразил и дека повредените добиле медицинска помош.

„Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради силна турбуленција“, се вели во соопштението на „Ер Јуроп“ на социјалната мрежа и се додава: „Авионот нормално слета и повредените со различни степени на повреди веќе добиваат медицинска помош.“

Според „Ер Јуроп“, втор авион требало да полета од Мадрид подоцна денеска за да ги преземе неповредените патници и да го продолжи патувањето до Уругвај.

Најнови вести од Свет

To top