„Тоа е укинување на претходно издаденото решение, бидејќи е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите“, вели премиерот на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали се стега обрачот околу ДУИ, бидејќи владата донесе одлука за поништување на акредитација за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга, како и укинување економските директори на Клиниките.
Премиерот Мицкоски истакна дека истата комисија која претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништила издадената согласност.
„Ако длабоко навлезете во таа постапка, ќе видите дека практично комисијата која што претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништува издадената согласност. Така што на Министерството не му преостануваше ништо друго освен да постапи по тие насоки. И затоа претходната согласност за организирање на таков тип на студии на Универзитетот претпоставувам зборувате во Струга е практично поништена таа согласност, и сега таму тие немаат право да организираат таков тип на високо образовна настава, изјави премиерот Мицкоски.