Регион

Пожарите во близина на Атина без активно жариште

Локализирани се двата големи пожари во источниот и северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, што беа активни вчера, а противпожарни сили од копно и воздух превентивно патролираа и рано утрово за да се спречи евентуално разгорување, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарите предизвикаа материјална штета што дополнително ќе се проценува, а според првичните информации изгорени се куќи во местата зафатени од огнените јазици, иако не станува збор за густонаселени.

Едниот пожар беше во областа Кератеа во источниот дел на Атика, другиот во Стамата во северниот дел, а и во двата случаи, до жителите беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас синоќа рече дека станува збор за „два исклучително опасни пожари“ и дека интервенираа 288 пожарникари со 18 пешадиски тимови, 80 возила, 13 хеликоптери и 12 авиони, а помагаа цистерни и машини од периферијата, општините и армијата.

To top