Македонија

Митева: Инвестицијата од 450 милиони евра во Ветропаркот ќе произведува струја за над 100.000 домаќинства, со ваквите политики на Владата земјата ќе биде енергетски стабилна

Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија, истакна денеска Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година.

Воедно, се очекува да произведува над 1 терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата.

Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства.

Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот.

Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно.

Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби.

Исполнуваме. За тебе, рече Митева.

Најнови вести од Македонија

To top