Новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства, владата тргна со инвестиции уште во првата недела, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
На територија ма три општини, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Македонија и пошироко.
Ветропаркот околу Штип е приватна инвестиција на инвестициски фонд тешка 450 милиони евра.
Ветропаркот годишно ќе генерира нови 100 милиони евра во Македонскиот БДП.
Исполнуваме. За тебе!, стои во соопштението на партијата.