Вчера се навршија 103 години од убиството на Ѓорче Петров. Еден од најсветлите Македонски синови и еден од поборниците на идејата за самостојна, независна, суверена Македонија. Да го чуваме и негуваме неговото дело, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.
-Задоволство е да се биде дел и да се говори на традиционален настан со кој се чествува ликот и делото на Ѓорче Петров.
Вчера се навршија 103 години од убиството на Ѓорче Петров. Еден од најсветлите Македонски синови и еден од поборниците на идејата за самостојна, независна, суверена Македонија.
Сите еден ден ќе го напуштиме овој свет, ама идејата е вечна. Идејата за Македонија која ја сакаме.
Да го чуваме и негуваме неговото дело.
Да живее нашата Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.