Новиот директор на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на својот фејсбук-профил напиша дека „за него преставува огромна чест, но и одговорност именувањето на директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата“.
„Секоја доверена должност е огромна чест особено кога значи да се работи за Македонија, нејзините промени и она што ќе преставува подобар живот за сите граѓани. Благодарност за довербата искажана од Премиерот Христијан Мицкоски со кого е чест да се работи за она што преставува заедничка цел Македонија да се врати на граѓаните и биде повторно твоја“, пишува во објавата.
Во продолжение погледнете ја целосно објавата.