Ракомет

Ристовска и Младеновска ќе играат една против друга во ЛШ

Ристовска и Младеновска ќе играат една против друга во ЛШ

Во женската ракометна елита, Македонија ќе ја претставуваат Сара Ристовска со Рапид Букурешт и Ива Младеновска која ќе го носи дресот на Брест.

Македонските ракометарки ќе се соочат во групата „Б“ каде што се: Вајперс, Есбјерг, Будуќност, Лудигсбург, Ѓер, Брест, Рапид Букурешт и Оденсе.

Групата „А“ е составена од: Ференцварош, Мец, ЦСМ Букурешт, Крим, Стормхамар, Никобинг, Подравка и Глорија.

Натпреварите во Лигата на шампионите започнуваат во септември, а титулата ќе ја брани тимот на Ѓер.

To top