На 26.06.2024 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го привеле Д.Ш. (18) од Скопје поради извршено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по член 386 од КЗ.
На 25.06.2024 околу 23 часот на ул. „Среќко Пужалка“, на територија на Гази Баба, тој и уште четири лица физички и со остар предмет ги нападнале М.М.(18) и уште еден малолетник, двајцата од Скопје.
На М.М. и малолетникот на помош за да ги одбранат им дошле Д.А. (54) и С.А. (52), по што еден од напаѓачите испукал три куршуми во воздух.
Од страна на ЕНК поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО, против Д.Ш. за кривично дело „насилство”. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за пронаоѓање на останатите напаѓачи.