Францускиот репрезентативен напаѓач Килијан Мбапе го нарече полскиот фудбалер Роберт Левандовски „кучкин син“ за време на вчерашниот натпревар од Евро 2024 против Полска (1:1), објави „RMC Sport“.
Левандовски во 88. минута од мечот со рака го допрел лицето на Мбапе, при што случајно го допрел и неговиот скршен нос. После тоа, 25-годишниот Французин ја извади заштитната маска и му сигнализираше на судијата за прекршокот. Новинарите од неговите усни ги прочитаа зборовите „Кучкин син“.
Француската репрезентација го зазеде 2. место во групата и се пласираше во плејофот на турнирот, каде во 1/8 финалето ќе игра против второпласираниот од групата Е.
Полска го заврши учеството на ЕП 2024.