Познати двојката таму ќе изгради замок

Роналдо и Џорџина купиле земјиште на остров во форма на морски коњ во Дубаи за вртоглава сума

Роналдо и Џорџина купиле земјиште на остров во форма на морски коњ во Дубаи за вртоглава сума

Кристијано Роналдо купил земјиште на остров во Дубаи за 25 милиони евра.

Португалскиот напаѓач заедно со партнерката Георгина Родригез станаа сопственици на дел од „Џумеира Беј“ во Дубаи. Ова е вештачки остров во форма на морски коњ, поврзан со Дубаи со мост од 300 метри.

Парот планира таму да изгради замок за себе и за своите пет деца. Работата треба да заврши до крајот на годинава.

Сега 39-годишниот напаѓач на Ал-Наср, Роналдо игра за Португалија на Евро 2024 година.

To top