Фудбал

Данска ја плати казната која ја изрече УЕФА, но сметката ќе ја испорача до несовесните фанови

Данска ја плати казната која ја изрече УЕФА, но сметката ќе ја испорача до несовесните фанови

УЕФА изрече една казна и за Данска по крајот на второто натпреварувачко коло, а причина за тоа е еден транспарент од мечот против Англија.

Неколку фанови на Данска држеа транспарернт со навредлива порака за УЕФА, па Европската Федерација многу брзо реагираше и изрече парична казна од 10 илјади евра за Федерацијата.

Данците без желба ја прифатија одлуката на УЕФА и најавија дека веднаш ќе уплатат пари на сметката во Нион, но истоовремено најавија дека истата ќе биде испорачана до навивачите кои го направиле прекршокот.

Првиот човек на данската Федерација најави дека во моментов се бараат фановите кои ја смислиле вулгарната порака, по што ќе побараат од нив сами да си ја надоместат штетата.

– Контактиравме со УЕФА и ќе ја платиме казната која е изречена. Сепак, за нас најважно е да ги идентификуваме навивачите кои го донесоа тој транспарент на стадионот. Откако ќе го направиме тоа, ќе им ја однесеме сметката и ќе ги натераме да ја платат, – изјави Ерик Брогер Расмусен.

To top