Барнабас Варга, несреќниот фудбалер на Унгарија, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска, беше опериран во Германија.
Варга заврши на земја по судир со голманот на Шкотска и од првиот момент ситуацијата изгледаше прилично лоша.
По подолг период на асистенција, фудбалерот беше изнесен од теренот, а набрзо имаше информации за тешки повреди. Неговата сопруга се огласи по операцијата на Варга, објавувајќи слика од болница со коментар дека тој е добро и сега ќе закрепнува.
Ден по натпреварот проговори агентот на Варга, Питер Пауно.
– Тој особено не се сеќава на инцидентот – рече Пауно.
За повредата проговори и Гергељ Панич, докторот на унгарската репрезентација.
– Барни се здоби со потрес на мозокот при ударот и изгуби свест. Кога стигнал во итната медицинска помош, тој веќе се освестил, по што бил однесен во клиника во Штутгарт, каде по прегледот бил изготвен тераписки план според кој ќе биде опериран. Нашиот напаѓач се здоби со повеќекратни фрактури на черепот на лицето, неколку помали и поголеми коски беа скршени, а некои беа дури и дислоцирани. По операцијата тој ќе биде задржан два дена, а доколку се биде во ред ќе биде пуштени во среда, изјави репрезентативниот доктор.
Тој беше прашан и за брзината на реакцијата на лекарите во важните први моменти по судирот.
– Во однос на германскиот протокол и прва помош, не сакам да коментирам, бидејќи не го знам детално и не сум одговорен за тоа. Сепак, можам да кажам дека имав можност да го посетам Барна во болницата и видов дека е во професионални раце и добива големо внимание, истакнува Панич.