Екипата на Вардар 1961 ќе биде дел од меѓународниот ракометен турнир кој и ова лето ќе се одржи во Струга.
„Црвено-црните“ ќе ја бранат титулата на настанот кој по 52. пат ќе се одигра на Отвореното игралиште во Струга.
Кога се во прашање македонските тимови тука ќе биде и актуелниот првак Еурофарм Пелистер и составот на Тиквеш, додека од странките клубови присутни ќе бидат ГУИФ Ескулстуна предводен од Зоран Рогановиќ и АЕК од Атина кој во 2019 година славеше на турнирот.