Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре ќе се задржи студено време со умерен до засилен северен ветер.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.