Свет

Над 100 милиони Американци се предупредени за невидени жештини

Повеќе од 100 милиони Американци, вклучувајќи ги густо населените области на источниот брег, од Њујорк до Вашингтон, викендов се предупредени за невидени жештини.

Над 100 милиони Американци се предупредени за невидени жештини

Повеќе од 100 милиони Американци, вклучувајќи ги густо населените области на источниот брег, од Њујорк до Вашингтон, викендов се предупредени за невидени жештини.

Вонредна состојба е прогласена во престолнината Вашингтон, каде живата на термометарот вчера попладне достигна до 38 степени Целзиусови, прва таква забележана температура од 2012 година.

Во меѓувреме, нов систем на тропска бура сличен на минатонеделниот Алберто, може да се развие над Мексиканскиот залив, јавуваат метереолозите од Националниот центар за урагани. Системот може да го следи патот на Алберто и да се појави над североисточно Мексико со шанси да донесе многу дожд и поплави во Тексас и по текот на крајбрежјето на заливот.

Предупредувања за високи температури има и во јужниот и централниот дел на Калифорнија, вклучувајќи и округот Калуса, каде пожарникарите се борат со шумски пожар што се простира на 7.730 хектари.

Калифорнија е соочена со активни пожари што се појавија порано годинава, јавуваат од Одделот за шумарство и противпожарна заштита на Калифорнија. Од почетокот на годинава изгорени се речиси 36.300 хектари шумска површина.

Во меѓувреме, поплави вчера имаше во Ајова, каде гувернерот Ким Рејнолдс објави катастрофична ситуација во 21 округ во северозападна Ајова и пренасочи државни ресурси за справување со „катастрофалните поплави“.

To top