Репрезентацијата на Данска има шанси за пласман во осминафиналето на Европското првенство, иако за тоа ќе мора да се избори во последното коло на натпреварот против Србија.
Скандинавската селекција требаше да добиe финансиски бонус за добрите резултати, но фудбалерите го одбиле, велејќи дека на тој начин ќе останат рамноправни со женската репрезентација.
Овој гест наиде на воодушевување во данската јавност, но и европските медиуми го поздравуваат потегот на репрезентативците кои одлучија да ја намалат и вредноста на своето осигурување, што автоматски значи дека истото ќе биде зголемено кај дамите за 50 проценти.
Данска во моментов е второпласирана во групата Ц со вкупно два бода, а последниот меч против нашиот северен сосед ќе биде клучен за пласманот во разигрувањето.