Утре истекува рокот во кој членовите на СДСМ можат да се пријават доколку сакаат на претстојните партиски избори да гласаат за нов претседател на партијата.
Изборот за нов лидер на СДСМ е закажан за 30 јуни откако поранешниот премиер и лидер на партијата Димитар Ковачевски поднесе оставка по поразот на парламентарните избори.
Во трка за иден претседател на партијата се За функцијата интерес пројавија четворица кандидати, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски. Во меѓувреме тече рокот за активна регистрација на членови на СДСМ за гласање на внатрепартиските избори кој истекува утре.
За избор на новиот претседател не е предвиден цензус, а за избран лидер на партијата ќе се смета оној кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.