Рецепт и видео презентација на Бокина кујна – Плазма чоко торта без печење.
Секогаш кога сте во брзање и немате многу време за комплицирани торти, имајте си го овој рецепт при рака. Тортата е многу вкусна, а брзо и едноставно се приготвува.
Потребни состојки:
36 парчиња пишкоти или 3 пкувања.
За фил:
200 г чоколадо
200 мл слатка павлака
130 г путер или маргарин
150 г мелена плазма
2 лажички маскарпоне или кисела павлака со 20% мм.
Уште ќе ви биде потребно сок или млеко за натопување на пишкотите. Самите пишкоти се многу меки и со текот на времето ќе попримат од филот и уште повеќе ќе омекнат.
Постапка:
Чоколадото ставете го во некој подлабок сад, веднаш додадете го путерот и прелијте со 200 мл слатка павлака. Загревајте на тивок оган колку да се растопат состојките, но внимавајте да не ви зоврие.
Кога ќе добиете изедначена, чоколадна смеса, која треба да биде течна, а не прегреана, прелијте ја во некој друг сад и оставете ја целосно да се излади.
Потоа со миксер изматете додека да добиете фин и нежен крем. Во овој чоколаден фил можете директно веднаш да ја додадете мелената плазма, но за да го збогатите вкусот, додадете и две лажици кисела павлака.
Додадете ги и мелените бисквити, изматете уште некоја минута и филот е готов – кремаст, но сепак кој тешко паѓа од лажицата. При ладењето дополнително ќе се стегне. Од овој крем одвојте околу две лажици за декорирање на тортата.
Калапот (долгнавест и тесен) обложете го со проѕирна фолија. Во чинија ставете сок од портокал и кратко натопувајте ги пишкотите во сокот па редете ги во калапот.
Редење:
12 пишкоти во еден ред – ½ фил – 12 пикоти – ½ фил – 12 пишкоти (3 реда пишкоти, 2 реда фил). Одозгора премачкајте го филот што го тргнавте на страна и наросете мелени и сечкани лешници/плазма/ореви.
Тортата завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер најмалку два часа за да се стегне. Потоа извадете го обрачот и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: