По натпреврот нашиот фудбалер Ељиф Елмас ја анализираше играта на „Олимпико“ и истакна дека играчите се обиделе да парираат, но не успеале против силниот ривал.
„Ние секогаш веруваме во себе и свесни сме дека можеме да направиме нешто добро. Со Италија тргнавме по такво нешто, ама не успеавме. Се надевам дека овој меч ќе ни помогне да растеме. Очекувавме ваква Италија, оставивме многу место на ривалот, така почнаа Италијанците да создаваат шанси и да доаѓаат до голови и според мене заслужија да победат“, изјави Елмас.