Килијан Мбапе е на клупата на натпреварот меѓу Франција и Холандија во групната фаза на Евро 2024.
Суперѕвездата го скрши носот на пресметката против Австрија која „петлите“ ја добија со 1:0. Повредата предизвика сомнеж дали офанзивниот играч за врска ќе може да игра на натпреварите од групната фаза, но медицинскиот штаб на Франција потврди дека тој ќе може да учествува доколку носи заштитна маска.
Иако француската репрезентација на социјалните мрежи објавуваше фотографии од Мбапе со маска, која беше во боите на француското знаме и иницијалите на фудбалерот, сепак тој нема да настапи со таа маска на натпреварот.
Според правилата на УЕФА, медицинската опрема што мора да ја носат играчите на теренот треба да биде во една боја и да нема репрезентативен симбол.
Па така, објавена е нова фотографија на Мбапе со црна маска, а се очекува тој во игра да влезе во второто полувреме на натпреварот против „лалињата“.