Регион

Големи пожари во неколку делови на Грција

Големи пожари во неколку делови на Грција

Два големи пожари во две различни периферии се активни на грчкиот полуостров Пелопонез, како и еден во јужниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а до жителите на неколку населени места беше испратена порака за евакуација преку бројот 112 за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во трите пожари интервенираат голем број пожарникари од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето.

Паралелно, активни се и уште неколку помали пожари во различни делови на Грција.

To top