Јамин Јамал, 16-годишното чудо од дете на Барселона, бележи одлични партии и во дресот на Шпанија на ЕП. Откако беше еден од најзаслужните играчи во победата над Хрватска (3-0), кога особено го полуде Јошко Гвардиола по левата страна на хрватската одбрана, во ист тон продолжи и против Италија.
Откако Шпанците по само два натпревари обезбедија осминафинале како првопласирани, нивниот крал дојде да им честита во соблекувалната. Фелипе VI се ракуваше со сите играчи и им честиташе, а кога стигна до Јамал го праша: „Колку години имаш?“ Кога тој одговорил „16“, шпанскиот крал во неверување со рака си ја удрил главата.
🎥 | Felipe VI (The King of Spain) to Lamine: "Lamine, how old are you!" 😂
pic.twitter.com/8Dd4aCWnmY— BarçaTimes (@BarcaTimes) June 21, 2024
Во последното коло Шпанија ќе се судри со Хрватска, а Де Ла Фуенте сигурно ќе менува во својот стартен состав, со цел да ја сочува свежината кај најдобрите фудбалери.