Фудбал еуро 2024

Французите му направија маска на Мбапе, но потоа дојде шок од УЕФА

Мбапе на тренинг се појави со маска во боите на Франција, но сигурно нема да го гледаме таков на натпреварите

Французите му направија маска на Мбапе, но потоа дојде шок од УЕФА

Мбапе на тренинг се појави со маска во боите на Франција, но сигурно нема да го гледаме таков на натпреварите

Француските навивачи останаа шокирани по повредата на Килијан Мбапе на Европското првенство.

Познатиот напаѓач го скрши носот на натпреварот. Првите прогнози не беа многу ветувачки, но тој успеа да се врати со помош на заштитна маска.

Мбапе на тренинг се појави со маска во боите на Франција, но сигурно нема да го гледаме таков на натпреварите.

Имено, УЕФА ги забрани разнобојните маски и тие мора да бидат еднобојни. Не се знае дали тоа го знаеле во Франција, но доколку нема две различни маски, итно треба да направат нова за новата ѕвезда на Реал Мадрид.

Франција од 21 часот игра против Холандија.

To top