Францускиот фудбалер Килијан Мбапе ја подготви заштитната маска со која ќе игра до крајот на Европското првенство.
Капитенот на „триколорите“ го скрши носот во понеделникот на првиот натпревар на Франција против Австрија во Дизелдорф.
На Мбапе веднаш му беше укажана помош, а лекарите рекле дека засега нема да биде опериран и дека е можно на теренот да се појави со специјална заштитна маска. Штои ќе се случи
Мбапе на натпреварот против Холандија (петок, 21 часот) ќе истрча со маска во боите на француското знаме, галски петел и иницијалите на неговото име.