Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на НДИ Македонија, оствари состанок со со главната директорка на програми Стефани Руст, вишиот директор Роберт Скот Хајзлет и колегите градоначалници кои учествуваат во проектот за зајакнување на општинската отпорност на корупција на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), како и со Дејвид Сип – тим лидерот на овој проект.
-За време на состанокот, разговаравме за општинските ризици за корупција. Лично сметам дека императивот на секоја локална самоуправа е да обезбеди квалитетни услуги за своите граѓани и затоа најмногу нѐ засега јакнењето на капацитетите на администрацијата бидејќи само со транспарентно и отчетно работење, можеме да говориме за намалување на можностите за корупција која води до губење на довербата на граѓаните во системот.
Додека пак транспарентноста, е една од најдобрите алатки за борба против корупцијата.
Како претседател на ЗЕЛС, давам безрезервна поддршка на општините и градоначалниците кои учествуваат во овој пилот-проект за борба против корупцијата и убеден сум дека со стекнатите знаења и искуства од оваа програма ќе дадат придонес во остварувањето на нашата цел, а тоа е нула корупција и администрација во служба само и само на граѓаните-истакна Претседатеот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.