Македонија

Ѓорѓиевски: Минатата власт ги опструираше општините, а новата во доаѓање докажа дека има намера сериозно да им помага

Ѓорѓиевски: Минатата власт ги опструираше општините, а новата во доаѓање докажа дека има намера сериозно да им помага

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во гостување во вестите на ТВ Алсат истакна дека во изминатиов период општините наместо со помош се соочуваа со опструкции од минатата власт.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер Христијан Мицкоски уште од старт докажале дека имаат намера преку централната власт сериозно да им помогнат на општините за најгорливите проблеми со кои се соочуваат.

-Она што изминатиов период се издвојуваше како проблем, тоа беше што ние како општини, ЗЕЛС кој што јас го раководам нешто повеќе од година дена имавме апсолутна блокада од страна на минатата власт. Состојба во којашто покрај постоешките проблеми со коишто се соочуваат граѓаните но и општините и градоначалниците изминатиов период, предизвикуваше дополнителни проблеми и компликации, истакна Ѓорѓиевски и додаде дека за разлика од ваквото функционирање, присуството на идниот премиер Мицкоски на Генералното собрание на ЗЕЛС покажа дека наместо опструкции општините и градоначалниците ќе добиваат сериозна поддршка од централната власт.

„Она што ја покажува другата димензија, односно спротивното на ненормалното функционирање во минатото е ова што се случува практично на самиот почеток пред формирање на владата чиј што мандатар е господинот Христијан Мицкоски, тоа беше покажано на Генералносто собрание коешто ние го имавме минатата недела. Тоа е највисоко тело на ЗЕЛС каде што членуваат сите 80 градоначалници од државата, сите општини со свој преставник, гостува дополнително и градоначалникот на Град Скопје, но гостуваат уште 9 преставници на советите ширум државата, Христијан Мицкоски како мандатар и премиер за многу скоро беше присутен, што значи дека после долги години опструкција од централната власт гледаме светло на крајот на тунелот и една излезна ситуација во којашто и граѓаните пред се, но и градоначалниците како менаџери би се соочиле со ситуација во којашто не би имале опструкции, туку напротив би имале поддршка од страна на централните институции“, рече Ѓорѓиевски.

Тој исто така потенцираше дека владата ќе издвојува по 250 милиони евра годишно за општините кои треба да конкурираат со конкретни проекти, и додаде дека како претседател на ЗЕЛС веќе е во комуникација со градоначалниците за веднаш по објавување на огласот да се достават проектите.

„Претседателот Мицкоски и мандатар за состав на новата влада во својата изборна програма, но тоа го потврди и на нашето Генерално собрание, вети финансирање од страна на државата на проекти во изност од 250 милиони евра на годишно ниво или 1 милијарда евра за 4 години времетраење од мандат за влада. Нормално тоа ќе биде со аплицирање на проекти, посочи Ѓорѓиевски.

„Јас направив обиколка на повеќе скопски општини, речиси на сите, треба уште со еден или двајца колеги да се видам што ми преостанаа, но во наредниов период ќе се видам и со колегите ширум Македонија за да можеме да бидеме експедитивни кога ќе биде тој повик, затоа што брзо ќе следи по формирањето на владата ребалансот на буџетот, по ребалансот ќе има распишување на тој оглас на којшто ќе треба секоја општина да излезе спремна и да аплицира со проектот. Приоритет ќе имаат оние проблеми којшто се најгорки на некој начин, по 30-тина години што го мачат нашето население без разлика во која општина се наоѓа и за каков проект станува збор“.

Најнови вести од Македонија

To top