Кристијано Роналдо прикажа доста емоции за време на натпреварот со Чешка и со доза на голема нервоза ја проследи неизвесната завршница, но покрај тоа што славеше во лице на чешкиот голман за што доби доста критики на социјалните мрежи, капитенот ја воодушеви својата нација со една реакција по крајот на мечот.
За разлика од обично, Роналдо овојпат не беше херој на Португалија и победничкиот гол го постигна „џокерот“ Консеисао, но интересно токму Кристијано беше оној кој најемотивно му честиташе.
Португалскиот капитен најпрво последен го чекаше младиот Франсиско откако постигна гол, за потоа прв енергично да го прегрне откако судијата означи крај на мечот.
Овие емоции кај Роналдо најдобро говорат со каква страст и емоција го доживува секое големо натпреварување, или поточно секој настап за националниот тим.
Кристијано пред две години беше на чекор да ја напушти репрезентацијата со Сантош како селектор, но ангажманот на Роберто Мартинез направи Роналдо да остане лидер на овој португалски тим.
Cristiano Ronaldo with Francisco Conceição.
What a video. ❤️pic.twitter.com/VRWdDh7OUA
— TC (@totalcristiano) June 18, 2024