Македонија цук

Тринаесет пожари на отворено за 24 часа, активен еден во општина Кичево

Тринаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатите 24 часа. Само еден пожар сѐ уште се води како активен. Во општина Кичево е пријавено дека горат ниска вегетација и габер.

Вкупно 2.065 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани во последното деноноќие. Како реални биле категоризирани 65,23 проценти од нив.

– Кон полицијата биле упатени 63,22 отсто, кон Итната медицинска помош – 23,40 проценти, а кон пожарникарите – 6,99 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top