УЕФА изрече парични казни на Хрватскиот фудбалски сојуз поради однесувањето на навивачите на натпреварот против Шпанија од првото коло на ЕП.
Имено, фановите на „коцкестите“ на првиот меч во Берлин палеле пиротехнички средства и фрлале пластични шишиња кон теренот. Поради тоа ХНС ја објави висината на казните кои го доби.
„Фудбалскиот сојуз е казнет со парична казна во висина од 63,875 евра поради фрлање на пластични шишиња. Поради палење на пиротехника ХНС е казнет со 24.000 евра. Вкупниот износ на санкцијата е 87.875 евра. Според процедурите ќе побараме образложение на одлуката, а потоа ќе видиме дали ќе упатиме евентуална жалба.
Сакаме и преку овој пат да им се заблагодарнима на навивачите за рекордната поддршка која ни ја дадоа во Германија“, стои во соопштението.