Принцезата од Велс блесна на своето прво јавно појавување оваа година, среде лекувањето од рак и му се придружи на кралското семејство за „Trooping the Colour“.
Експертот за говор на телото Џуди Џејмс вели дека моментот кој Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам го споделија, дал потресен увид во нивната врска, особено во овие тешки моменти.
Имено, Вилијам и Кејт се насмеале и дале неколку коментари, а насмевката на принцезата го развеселила и идниот крал кој со љубов гледал во својата сопруга, пренесува Дејли Меил.
-Најтрогателниот момент беше кога нивните погледи се сретнаа. Очите и усните на Вилијам ја издадоа неговата внатрешна гордост и можното олеснување што неговата убава сопруга повторно стоеше до него, додека Кејт, која видно се опушти на овој настан, возврати широка насмевка со љубов, рече Џуди.
Поради нејзиното отсуство, нивниот брак често беше предмет на внимание на јавноста, а британските медиуми објавија и дека Вилијам имал љубовница.