На 17.06.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Ресен, П.П.(34) од Ресен пријавил дека во атар на с.Златари, ресенско, била пронајдена експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 62мм од Првата светска војна.
Извршен бил увид.