Вечерва на Европското првенство ќе биде комплетирано првото коло. За разлика од изминатите денови, кога на програмата имаше по три натпревари, во вторник ќе се одиграат натпреварите во Ф групата.
Програмата ќе биде отоврена во 18 часот на Сигнал Идуна Парк во Дортмунд, каде ќе играат Турција и Грузија. Несомнено е дека Турција практично ќе биде домаќин на оваа средба со оглед на тоа колку дијаспората која ја има оваа земја во Германија.
Турците за противник го имаат дебитантот, не на ЕП туку воопшто на големите натпреварувања. Грузија сите надежи ги полага во ѕвездата на Наполи, Хвича Кварацхелија.
Вториот натпревар од 21 часот ќе го одиграат старите познаници Португалија и Чешка. Средбата во Ред Бул Арената во Лајпциг ќе биде четврта од двете репрезентации на континенталните првенства.
Во претходните три, една победа забележаа Чесите (1996 година), а Португалците победија во 2008 и 2012 година.