Фудбал

Кек: Не ми верувавте кога зборував дека Словенија е квалитетна

Кек: Не ми верувавте кога зборував дека Словенија е квалитетна

Селекторот на фудбалската репрезентација на Словенија Матјаж Кек по натпреварот не го криеше своето задоволство. Тој ја искористи шансата и ѝ се обрати на јавноста која не му верувала дека ова е посебен тим на Словенија.

„Заслуживме бод против Данска. Вие не ми верувавте дека ова се посебни играчи (се обрати селекторот кон јавноста). Емоциите некогаш работат во една насока. Наместо да нè повлечат назад како што се очекуваше, ние тргнавме по гол. Им честитам на моите ирачи. Не бевме најдобри во сите ситуации, ама на крајот бевме наградени за одиграното. Добивме и енергија од трибините. Ова беше вистински натпревар на Европско првенство“, прокоментира Кек.

Веќе во второто коло словеченките фудбалери ќе го одиграат веројатно клучниот меч во групата против Србите, на 20 јуни во 15:00 часот.

To top