На 14.06.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во велосипед управуван од В.Ч.(49) од Скопје, по што возачот го напуштил местото, соопштија од МВР.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, потенцираа од МВР.