Македонија

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот

Церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот на Претседателот беше извршена од припадниците на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава.

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот

Денеска во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје.

Церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот на Претседателот беше извршена од припадниците на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава.

По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес.

За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

Најнови вести од Македонија

To top