Свет Министерство за одбрана

Германија испрати оружје и воена опрема во Украина

Досега Германија обезбеди или се обврза за воена помош за Украина во вредност од приближно 28 милијарди евра за следните години. 

Германија испрати оружје и воена опрема во Украина

Германија денеска испрати уште еден пакет воена помош за Украина, вклучувајќи ракетни системи „Химарс“, противвоздушни системи и тенкови.

Украина доби 20 единици од пешадиското возило „Мардер“, 10 тенкови „Леопард“ 1 А5 со резервни делови, по еден противвоздушен ракетен систем со краток и среден дострел, три единици од ракетен систем „Химарс“, две единици од оклопното возило „Бибер“, како како и оклопно возило за поправка и спасување „Бергепанцер“, меѓу една и четири единици машини за расчистување мини „Висент“ и муниција, соопшти германското министерство за одбрана.

Досега Германија обезбеди или се обврза за воена помош за Украина во вредност од приближно 28 милијарди евра за следните години. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top