СВР Штип поднесе кривична пријава против С.В.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 09.12.2023, пријавениот бил затекнат при продажба на марихуана на три лица.
На 20.03.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис и две дигитални ваги.