Регион

Курти: Војската на Косово никогаш не била поголема и повооружена од денес

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека војската на Косово никогаш не била побројна и повооружена од денес, додека денешната парада на Безбедносните сили на Косово (ФСК) низ центарот на Приштина „исполнува со радост и го јакне чувството на безбедност“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во говорот пред војниците на почетокот на традиционалната парада на ФСК по повод Денот на ослободувањето, Курти ги спомена неодамнешните инвестиции во вооружувањето на Армијата и унапредувањето на војниците преку образование во најпрестижните воени академии во светот.

– Војската на Косово никогаш не била поголема и подобро вооружена и опремена од денес. Никогаш не била повеќе подготвена, обучена и образована во најпрестижните воени академии на пријателските западни армии. Но исто така никогаш не била помоќна и поподготвена да ја заштити нашата територија и суверенитет и нашите животи, бидејќи тоа е нејзината мисија, да го заштити Косово и да се развива и напредува заедно со нашите сојузници, рече Курти.

Тој рече дека косовската војска корените ги влече од Ослободителната војска на Косово (ОВК), која ја предводеше легендарниот командант, Адем Јашари.

Косовскиот премиер во својето обраќање рече дека е среќен што го гледа големиот напредок на ФСК, додавајќи дека тоа е резултат на удвојувањето на буџетот и тројното зголемување на инвестициите во вооружување.

– Многу сум среќен што го гледам големиот напредок на ФСК. Тоа е постигнато благодарение на повеќе од двојното зголемување на буџетот, регрутирањето нови војници, тројното зголемување на инвестицијата во вооружување, со беспилотни летала „Бајрактар“, изјави Курти.

To top