Фудбал

Скандал на тренинг на Германија пред ЕП

Скандал на тренинг на Германија пред ЕП

Според весникот „Билд“ скандал се случило на тренинг пред континенталниот собир. Според информациите, Антонио Рудигер и Никлас Фулкруг имале близок контакт и за малку физички не се пресметале на последниот тренинг.

Германците открија дека ситуацијата ќе ескалирала доколку во близина не биле останатите соиграчи кои ги раздвоиле двајцата фудбалери.

Се верува дека Рудигер и Фулкруг играле на спротивни страни на тренинг натпревар во репрезентацијата.

Во неколку наврати тие имале жестоки меѓусебни дуели, а последниот завршил со турканица и внесување лице в лице.

Останува да се види како и дали селекторот Јулијан Нагелсман ќе го санкционира однесувањето на своите фудбалери. Едно е сигурно, вакви ситуации се непотребни кога целата германска јавност сонува напад на трофејот.

To top