Македонија ТРАГЕДИЈА

ЦРН ДЕН ВО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА – почина владиниот советник на 41 годишна возраст! (ФОТО)

Жупаноски имаше суштински ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Северна Македонија од 2017 година наваму. Беше еден од основачите на концептот за дигитална отчетност и транспарентност кој придонесе македонската Влада од 2017 година да биде прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност.

ЦРН ДЕН ВО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА – почина владиниот советник на 41 годишна возраст! (ФОТО)

На 41 годишна возраст, вчера во Скопје почина Илија Жупаноски, општествен активист за демократија и владин советник за дигитални комуникации. Илија беше татко на две ќерки, сопруг, син и општествено активен професионалец на домашен и меѓународен план.

Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во програмата Економско образование за млади (Junior Achievement), a од крајот на 90-тите учествува во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ). Беше извршен директор на МОФ од 2007 до 2010 година.

Фејсбук

Жупаноски имаше суштински ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Северна Македонија од 2017 година наваму. Беше еден од основачите на концептот за дигитална отчетност и транспарентност кој придонесе македонската Влада од 2017 година да биде прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност.

Беше советник за дигитални комуникации на премиерите Заев, Спасовски и Ковачевски.

Активен борец против дезинформациите и против хибридните и сајбер напади врз демократиите, со огромно домашно, регионално и меѓународно искуство.

Жупаноски беше член и на управниот одбор на European Digital Diplomacy Exchange (EDDE), меѓународна мрежа на владини комуникатори чија цел е зголемување на колективните капацитети за поефикасна заштита на демократиите во рамките на дигиталниот информациски простор.

To top