Кошарка

Серж Ибака се враќа во Реал Мадрид

Серж Ибака се враќа во Реал Мадрид

Серж Ибака, искусниот шпански центар кој во новата сезона би требал да биде замена за Винсант Поарие, пренсуваат шпанските медиуми.

Триесетипетгодишниот Ибака претходната сезона се врати во Европа каде ги бранеше боите на Баерн Минхен забележувајќи просек од 12.6 поени, 6.8 скокови и 1.2 блокови по натпревар за 25 минути поминати на паркетот.

Претходно Ибака од 2009 до 2023 година беше дел од НБА лигата. Најголемиот успех го достигна во дресовите на Оклахома и Торонто. Со Тандер два пати беше биран во идеалната одбранбена петорка, додека во 2019 година со Рапторс стана и шампион.

Доколку се реализира трансферот тоа ќе значи втор мандат на Ибака во Реал Мадрид

To top