Македонија

Претседателот на ЗЕЛС на средба со Ветеринарната комора за надминување на проблемот со бездомните кучиња

Градоначаликот Ѓорѓиевски истакна дека ова прашање бара сериозен пристап и дека тој, во својство на Претседател на ЗЕЛС ќе предложи решенија до новата централна власт кои во прв ред ќе го имаат балансот помеѓу благосостојбата на животните и безбедноста и јавното здравје на луѓето.

Претседателот на ЗЕЛС на средба со Ветеринарната комора за надминување на проблемот со бездомните кучиња

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Совет на општината Кисела Вода, Светлана Колариќ, оствари средба со претставниците од Ветеринарната Комора на Република Македонија.

На овој работен состанок се дискутираше околу изнаоѓање на системско решение за надминување на проблемот со бездомните кучиња. Подготовка на национална стратегија за контрола на популација на кучиња со акциски план, прилагодени на локалните динамики за секоја општина, како и мониторинг и евалуација на спроведување на Националната програма за контрола на популација на кучиња, беа главните теми околу кои се дебатираше и кои треба да доведат до надминување на овој горлив проблем.

Градоначаликот Ѓорѓиевски истакна дека ова прашање бара сериозен пристап и дека тој, во својство на Претседател на ЗЕЛС ќе предложи решенија до новата централна власт кои во прв ред ќе го имаат балансот помеѓу благосостојбата на животните и безбедноста и јавното здравје на луѓето.

– Заедно со Претседателот на Совет на општината Светлана Колариќ, остваривме значајна средба со претставниците од Ветеринарната Комора на Република Македонија, на која отворивме мошне сериозно прашање со кое се соочуваат сите општини во земјава. Имено, надминувањето на проблемот со бездомните кучиња не засега сите нас, но потребно е едно системско решение кое ќе биде применливо во секоја од локалните самоуправи, согласно нивните динамики на работа. Оттука во фокусот на нашиот разговор беше изготвувањето на национална стратегија за контрола на популација на кучиња со акциски план, како и мониторинг и евалуација на спроведување на Националната програма за контрола на популација на кучиња. Заеднички укажавме на потребата од понатамошна заедничка работа со Ветеринарната комора, а јас, како прв човек на ЗЕЛС ја презедов обврската да предложам решенија до новата Влада. Сметам дека со сериозен пристап и меѓуинституционална соработка ќе изнајдеме вистинско решение со кое ќе постигнеме едновремено и безбедност на нашите жители и зачувување на благосостојбата на животните, истакна Ѓорѓиевски.

To top